Вардар утревечер ќе го игра клучниот дуел од втората фаза од ЕХФ Лигата на Европа, на кој триумф над Бенфика ќе значи и пласман во нокаут рундата од ова европско натпреварување.
Сите во таборот на „црвено-црните“ се максимално мотивирани, но тренерот Чупиќ се соочува со проблем, Јака Малус се жали на повреда и неговиот настап на утрешниот меч со Бенфика е сериозно доведен во прашање.
„Јака денеска нема да тренира и дури утре ќе видиме дали ќе може да биде дел од мечот. Останатите сите се здрави и сите тренираат. Со Јака или без Јака ќе мора утре да тргнам шест ракометари бидејќи можам да пријавам само 16“, обелодени Чупиќ на денешната прес-конференција.
Останува да се види дали Словенецот ќе добие зелено светло за настап, а нема сомнеж дека Вардар е далеку подобар тим кога Малус е на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

