По првото полувреме на последниот меч од 20. коло во Првата лига, во Тетово Шкендија и Пелистер играат 1:1.
Во седмата минута Стефан Спировски донесе шокантна предност за Пелистер. По изведен корнер, топката стигна со Спировски, кој од 2-3 метри ја спроведе во голот. Иако голот првично беше поништен поради осфсајд, сепак, ВАР собата сигнализираше дека голот е чист, односно дека Мурати задоцнил со излегувањето, и така голот беше признат.
Шкендија веднаш врати со пречката на Љатифи. Од 25 метри фудбалерот на домашниот тим „распали“ само во рамката од голот. Тоа како да беше предвесник за она што ќе се случува неколку минути подоцна.
Во 21. минута корнер изведен од Тамба, на првиот дирек каде што беше Ибраими, кој со глава го совлада Јовчевски. И во оваа ситуација беше прегледувана ВАР снимката, поради можност за фаул над голманот на Пелистер, но голот беше признат.
После израмнувачкиот гол, Пелистер имаше одлична шанса за ново водство, но Михајло Петровиќ излезе сам пред голот, и не успеа да реализира. Се обиде да пласира, а топката отиде само над пречката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

