Финалисмата, средбата меѓу европскиот и јужноамериканскиот шампион, требаше да биде вистински фудбалски празник на стадионот Лусаил во Доха.
Фудбалскиот класик меѓу Шпанија и Аргентина, закажан за 27 март во Доха, одеднаш е доведен во прашање. Безбедносната ситуација на Блискиот Исток се менува од ден на ден, па затоа со право се поставува вакво прашање.
Катарските власти официјално ги суспендираа сите спортски натпревари до понатамошно известување, а шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте го објави ова во интервју за Радио Национал.
„Знаеме дека има преговори. Прво, како општество, сакаме конфликтот да заврши, но кога ситуацијата е ваква и не се знае колку долго ќе трае, решението би било, ако не е можно да се игра таму, да се најде друг домаќин ако тоа е можно“, рече Де ла Фуенте, додавајќи дека националниот тим останува подготвен за сите сценарија.
Финалисимата требаше да биде еден од најголемите репрезентативни настани во годината. Сите 88.966 билети за стадионот Лусаил беа распродадени во рекордно време, а организацијата беше во завршна фаза.
Сепак, организаторите веќе разгледуваат опции натпреварот да се игра на друга локација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

