Алаѓозовски: Се надевам дека Брера е во вистински ритам

АП Брера игра во стилот „топло-ладно“ оваа пролет, но фудбалерите и тренерот Мартин Алаѓозовски се надеваат дека го фатија вистинскиот ритам со триумфот на гости (0-2) против Башкими во Куманово.

Сепак, претходно загубија дома од Работнички (3-4), па за струмичани е важно денеска да одиграат квалитетен натпревар против Струга Трим Лум.

„Се надеваме дека го фативме вистинскиот ритам. Првенството влегува во забрзана фаза и сега веднаш мораме да се фокусираме на следниот противник. Струга Трим Лум е одличен тим, тоа е јасно, но и на првиот меч оваа сезона покажавме дека можеме да се надигруваме. Ќе го дадеме максимумот и се надеваме на позитивен резултат“, вели тренерот Мартин Алаѓозовски.

Натпреварот меѓу АП Брера и Струга Трим Лум ќе се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, со почеток во 14 часот.

Се вчитува...