„Револуција“: Се воведува ВАР и во Формула 1

Меѓународната автомобилска организација ФИА одлучи во новата сезона од Формула 1 шампионат да воведе ВАР-технологија што ќе ги следи болидите додека се наоѓаат на патеката.

Станува збор за компјутерски систем под називот „ECAT”, за кој е предвидено во прв момент да биде насочен само кон моментите кога болидите влегуваат во свиоците од патеките. Со тоа ќе престане принципот на судиско прегледување на спорните маневри, со што воедно ќе се забрза и процесот на прегледување на овие ситуации.

Во последните години бевме сведоци на бројин ситуации, особеноо во квалификациските борби, возачи да ги преминуваат линиите при кривините. Тоа носи казна, круговите кои ги возеа беа прогласувани за неважечки, но се трошеше многу време на постапката и комуникацијата.

Идејата е со воведувањето на ВАР технологијата веднаш да биде утврдено дали конкретниот возач направил прекршок, што ќе биде проследено со фотографија до неговиот тим и веднаш ќе биде известен за казната.

Употребата на новата ВАР технологија во Формула 1 ќе стапи на сила од првата трка, за Големата Награда на Австралија оваа седмица.

Се вчитува...