Фудбалерките поразени на гостувањето во Азербејџан

Женската фудбалска репрезентација на Македонија претрпе пораз од 2-0 на гостувањето во Азербејџан, на стартот од новиот квалификациски циклус за СП.

Нашата национална селекција се наоѓа во Ц-групите од овие квалификации со надеж за преселба во повисок ранг, но овие желби се искомпликуваа по денешниот пораз по  денешниот пораз.

Јафарзаде беше најдобра фудбалерка на теренот, домашната репрезентативка најпрвин стрелаше прецизно во 28. минута, а потоа се запиша меѓу стрелците и во 78. минута, за печат на победата на домашната селекција.

Следен предизвик за нашата женска репрезентација е домашниот дуел со Андора, закажан за 7 март во Битола со почеток во 15 часот.

Се вчитува...