Челниците на Партизан не кријат дека не биле во најдобри односи во последните месеци, а сето тоа се одрази и на резултатите на црно-белиот тим.
Предраг Мијатовиќ и Данко Лазовиќ ги заладија односите, а претседателот Расим Љајиќ упорно се обидува да го изгасне огнот.
Драган Ѓуриќ, поранешниот прв човек на Партизан, зборуваше за проблемите во Хумска.
„Партизан не е Реал Мадрид. Хиерархијата мора да се почитува. Се знае кој треба да му одговара на Мијатовиќ. Она што го прави е – хаос. И дел од навивачите го кренаа гласот против него. Заменувањето на Срѓан Благојевиќ беше грешка. Ненад Стојаковиќ е добро момче, но на Партизан му треба многу посериозен тренер. Сепак, главниот проблем е што немаме играчи, немаме тим. Можеби звучи сурово, но на раководството на Партизан не му требаат „испушени лулиња“, туку сериозни менаџери. Мијатовиќ дојде од Шпанија и сега мисли дека е недопирлив. Она што се случува во Партизан не е добро, ниту ќе има резултати додека државата не помогне во доведувањето сериозни луѓе во клубот“, изјави Ѓуриќ за српските медиуми и додаде:
„Расим мора да удри со рака по масата. Проблемот на Партизан е во управата и тоа се одрази на теренот. Љајиќ е добар човек, не е негова вината, но мора јасно да стави до знаење дека е прв човек на клубот. Каков Пеѓа Мијатовиќ? Тој е залутан во Партизан“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

