Германецот Цвајер ќе и суди на Македонија во баражот за СП против Данска

Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) ги одреди официјалните лица за плејоф натпреварот меѓу Данска и Македонија кој ќе се одигра на 26 март во Копенхаген, во баражот за пласман на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

Главен судија на натпреварот на стадионот „Паркен“ ќе биде Германецот Феликс Цвајер, а негови асистенти ќе бидат Роберт Кемптер и Кристијан Диц, исто така од Германија. Функцијата четврти судија ќе ја извршува Даниел Шлагер.

За видео асистенција (ВАР) задолжени се Бастијан Данкерт како главен ВАР судија и Саша Штегеман како АВАР. Судиски контролор на средбата е Вилијам Јанг од Шкотска, додека делегат на натпреварот е Жоао Мораиш од Португалија.

Се вчитува...