„Бо Мекејлеб беше најмирниот и најскромниот – Уживаше со нас Македонците!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваше едно од најголемото имиња на македонскиот спорт во историјата, Владо Илиевски, сега главен менаџер во Кошаркарската федерација на Македонија за сите национални селекции.

Меѓу бројните теми на кои се разговараше, Илиевски, сосема очекувано се осврна и на најголемиот успех на Македонија во историјата на екипните спортови – четвртото место од ЕП 2011 во Литванија. Токму Влатко Илиевски беше херојот на Македонија со одлучувачката тројка за победа над домаќинот Литванија во четвртфиналето на шампионатот и пласманот во полуфиналето, но во подкастот „ПРЕСИНГ“, Илиевски нагласува дека натурализираниот Американец во нашите редови, Лестер Бо Мекејлеб беше најголемата ѕвезда во тимот.

Илиевски потенцира дека, и покрај тоа што бил најдобар стрелец во тимот и избран во идеалната петорка на првенството, Бо Мекејлеб бил едноставно скромен, искрено од срце уживајќи што е во македонскиот тим.

„Сè си имаше свое во таа екипа. Дури можам да кажам дека Бо Мекејлеб беше најмирен од сите. Значи убедливо најмирен од сите и одлично се вклопи, и со тоа што воопшто не сакаше да покаже дека тој е некој што всушност беше и наш најдобар стрелец на турнирот и во петорката на првенството… Значи, тој беше нашата некако ѕвезда во таа екипа, но никогаш со ниту еден потег не покажа дека е тој нешто над нас. Навистина одлично се вклопи и мислам дека уживаше со нас“ – вели Илиевски.

=================================================
ЦЕЛИОТ СПОРТСКИ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ВЛАДО ИЛИЕВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…

Се вчитува...