Љатифи пред дербито: Само да имаме исти услови за игра како Вардар…

Се повеќе зовриваат страстите во пресрет на големото дерби меѓу Вардар и Шкендија што на програмата е утре, во кое „вардарци“ влегуваат со четири бода предност во однос на актуелниот првак.

Тетовци веруваат дека можат да стигнат до цел плен и да му се реваншираат на Вардар за поразот на домашен терен во првиот дел од сезоната, сега кога по елиминацијата од Конференциската лига се целосно насочени кон настапот во ПМФЛ.

„Игравме добро во последно време, а фактот дека против Пелистер се вративме од гол негатива само ја зголемува нашата самодоверба пред дербито со Вардар. Целосно сме фокусирани, пред нас е исклучително важен меч и верувам дека на крајот ќе заврши во наша корист. За нас не е важно каде играме, веруваме дека можеме да славиме и во Скопје, но се надевам дека ќе имаме исти услови за игра како и нашиот противник, од секој аспект. Тоа е најважно, се надевам дека и теренот ќе биде добар за играње фудбал, за да покажеме што знаеме. Теренот ќе покаже кој е најдобар, се надевам на еднакви услови и подобриот тим нека победи на крајот“,, истакна Лиридон Љатифи во пресрет на големото дерби.

Се вчитува...