Поранешниот голман на Динамо Загреб, Георг Кох, почина на 54-годишна возраст по долга борба против рак на панкреасот. Германецот во 2024 година јавно откри дека болеста е неизлечива и дека лекарите му дале само неколку месеци живот, но тој се бореше подолго време.
Во последното интервју изјави: „Ова е мое последно интервју. Знам дека денот доаѓа“.
Кох бранеше професионално од 1990 до 2009 година, одигра 213 натпревари во Бундеслигата и 165 во втората германска лига. Во летото 2007 година дојде во Динамо Загреб како слободен играч, одигра 39 натпревари и со клубот ги освои првенството и Купот на Хрватска во сезоната 2007/08.
Потоа продолжи во Рапид Виена каде ја заврши кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

