Шарлот покажа зошто важи за едно од најпријатните изненадувања во НБА-лигата сезонава откако на гостински терен го демолираше фаворитот Бостон со 89-118. Триумфот беше осигуран со фуриозното прво полувреме што Шарлот го доби со 43-64, по што гостите само рутински ја одржуваа големата позитива, до крајот зголемувајќи ја до конечните „плус 29“.
Ова беше шеста победа во низа за Шарлот, во чии редови најефикасни беа Кнупел со 20, пред Бол и Милер со по 18 поени.
Оклахома Сити излезе како победник од гостувањето во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, каде актуелниот првак успеа да стигне до триумф од 100-103. Њујорк одигра феноменален напад во третата четвртина во која никси постигнаа 40 поени (40-26), но и тоа беше недоволно за да се земе скалпот на шампионот. Оклахома ја стегна одбраната во клучните моменти, а во нападот го имаше расположениот Холмгрем, кој постигна рекордни за него во кариерата шест тројки за вкупно 28 поени, два повеќе од актуелниот МВП Гилџус Александер.
Резултати НБА:
Њујорк – Оклахома Сити 100-103, Бостон – Шарлот 89-118, Филаделфија – Јута 106-102, Мемфис – Портланд 114-122, Милвоки – Атланта 113-131, ЛА Клиперс – Индијана 130-107.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

