Не сака секој во Реал: Би бил будала да си заминам од мојот клуб

Реал Мадрид подготвува ремонт во средниот ред следното лето, а на врвот на листата со желби се наоѓа Витиња, извонредниот Португалецот кој важи за еден од најзаслужните за фантастичната ланска сезона на ПСЖ.

„Кралевите“ имаа подготвено и понуда од 100 милиони евра, но Витиња јасно стави до знаење дека воопшто не е заинтересиран за трансфер, дури и во најтрофејниот клуб во Европа.

„Би бил будала да си заминам од ПСЖ. Без разлика дали во Реал или во било кој друг клуб, тоа не би било паметно, не би било добро за мене. Се чувствувам многу добро во ПСЖ, луѓето ме ценат, а знам дека таа почит ја имам заработено низ натпреварите и тренинзите. Многу сакам да играм за ПСЖ, имаме одличен тим и врвен тренер, моето семејство ужива во Париз, не гледам зошто би си заминал оттука“, истакна Витиња.

Тој јасно стави до знаење и дека воопшто не го интересира евентуален трансфер во Саудиска Арабија, без оглед на огромните пари што ги нудат клубовите од оваа земја.

„Не сум наивен и знам дека огромното богатство носи животен мир, но мене баш не ме интересираат работите што можат да се купат со пари. Јас сум фокусиран на кариерата, играм за голем клуб како ПСЖ и не би бил ништо посреќен ако отидам во Саудиска Арабија и добивам два или три пати поголема плата“, прокоментира Португалецот.

Витиња е член на ПСЖ од летото 2022 година, кога пристигне од редовите на Порто за нешто повеќе од 40 милиони евра.

Се вчитува...