ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: НБА кошаркар се повредил додека спиел!

Неверојатни информации утрово пристигнаа од Соединетите Американски Држави. Кошаркарот на Сан Антонио, Харисон Барнс, не беше во тимот на Спурс против Филаделфија, а причината е повеќе од бизарна, повреда на левиот глужд во сон!

Искусниот играч не пропушти ниту еден натпревар од 2021 година, односно неговата серија беше прекината по 364 натпревари во најсилната лига во светот.

Во 2012 година, 33-годишникот беше седмиот избор на Голден Стејт на драфтот, а покрај Вориорс, играше за Далас и Сакраменто, од каде што пристигна во клубот од Тексас во јули минатата година.

Оваа сезона тој има просек од 10,2 поени, 2,9 скока и 2,1 асистенции.

Се вчитува...