Пелистер и Силекс среќни со по еден бод

Пелистер и Силекс во натпревар без многу возбудувања одиграа без голови на последниот дуел од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола двата тима одиграа сосема рамноправен меч, без многу возбудувања, и објективно со реално реми во кое немаше, на крај, подобар противник.

Првото полувреме му припадна на Пелистер со две можности на Лука Булатовиќ, а во вториот дел Силекс беше далеку подобар, но Мирчевски и Пиреш имаа одлични шанси да донесат и три бода кои не успеаја да ги искористат.

Се вчитува...