Шок на „Кошево“ во Сараево: Пронајдена рачна бомба пред меч на Ристовски и Елези!

Вистинската драма се одвивала кон крајот на февруари на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, каде што полицајците пронашле рачна граната за време на безбедносна проверка, пишуваат сега медиумите од БиХ.

Како што потврди Полициската управа на МУП на Сараевскиот кантон, опасната направа е откриена на 25 февруари за време на инспекцијата на стадионот од страна на КДЗ, која се спроведува стандардно пред големи спортски настани.

За време на деталниот преглед на зградата, полициските екипи пронашле и конфискувале една рачна граната, што потенцијално спречи сериозна безбедносна закана.

Според неофицијални информации, бомбата е пронајдена во ВИП салонот на стадионот, простор во комплексот што се користи за гости, достоинственици и претставници на клубовите за време на натпреварите на Сараево, клубот каде настапуваат и македонските интернационалци Стефан Ристовски и Агон Елези.

За сè веднаш бил информиран дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на Сараевскиот кантон, кој наредил спроведување истрага. Истрагата се води поради сомнение за сторени кривични дела предизвикување јавна опасност и нелегално поседување оружје или експлозивни материи.

Полицијата соопшти дека се работи интензивно на расветлување на целиот случај.

Безбедносниот преглед на стадионот беше извршен пред првиот натпревар од четвртфиналето на Купот на Босна и Херцеговина меѓу Сараево и Вележ Мостар.

Натпреварот во Кошево се одигра без инциденти на трибините, а гостите од Мостар славеа минимална победа со 0-1.

Сепак, веста за откривањето на експлозивна направа на стадионот го засени спортскиот настан и отвори бројни прашања за тоа како таков предмет може да се најде во еден од најпознатите спортски објекти во Босна и Херцеговина.

Се вчитува...