Берат Имери ќе го замени Љупчо Марковски – Калц на клупата на второлигашот Шкендија Арачиново.
Откако тимот од Арачиново денеска се раздели со Марковски, експресно ја именуваше неговата замена како нов шеф на стручниот штаб.
Имери е искусен стратег во македонскиот фудбал, кој последно го водеше прволигашот Беса, а претходно беше тренер и на Воска Спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

