Синот на легендарниот тренер Душко Вујошевиќ, Лук кој до неодамна работеше како практикант во тренерскиот штаб на Партизан, доби вработување во црно-белиот кошаркарски тим.
Српските медиуми објавија дека синот на познатиот тренер Душко Вујошевиќ, една од најомилените личности меѓу навивачите на Партизан, ја добил својата прва работа.
Лука Вујошевиќ работеше како помошни на Жељко Обрадовиќ додека најтрофејниот тренер во Европа беше дел од Партизан, а остана и по доаѓањето на Жоан Пењароја.
Неговиот татко ќе биде запаметен меѓу црно-белите навивачи како архитект на најголемиот успех на Партизан во овој век, пласманот на Ф4 во Париз во 2010 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

