Скандал во ски-скоковите: Превц го славеше Големиот кристален глобус, а потоа доби – дисквалификација

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц денес во Лахти, Финска, беше блиску до пишување на историјата на ски-скоковите, но исто така одбележа и еден момент во светот на спортот.

Превц славеше денес во Лахти, но по проверката, судиите го дисквалификуваа поради носење несоодветна опрема. Со денешната победа Превц би го обезбедил Големиот кристален глобус во скијачки скокови, но тоа е продолжено барем до утре.

Наводно Домен Превц имал за 1 сантиметар подолги скии од предвиденото.

ФИС ја објави дисквалификацијата на Превац и конечниот пласман на Лахти на својата веб-страница и во официјалните резултати.

На крајот триумфираше Филип Рајмунд од Германија, кој ја оствари првата победа во кариерата.

Се вчитува...