„Чкембари“ гневни: Беше најавен бомбастичен буџет, а добивме бомбастично разочарување

Песлитер е во опасната зона во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Битола во пролетниот дел од сезоната има само една победа (против испаднатиот Работнички), додека загуби од Башкими и од Шкендија, а играше нерешено со Струга ТЛ и со Силекс.

Тимот сега е на 10 место на табелата, и во зоната за испаѓање, а навивачите на клубот, популарните „Чкембари“ го кренаа својот глас и го истакнаа гневот поради лошите резултати.

„Кога е времето за црвен аларм во клубот? На три кола пред крајот? На две? Или на едно?

Најавен беше бомбастичен буџет, а добиваме уште побомбастично разочарување како што се ближи крајот на сезоната. Моменталниот пласман на Пелистер води директно кон второлигашки статус следната сезона.

Кога конечно ќе се побара ОДГОВОРНОСТ и ОДГОВОРИ од ОДГОВОРНИТЕ?

Жална е сликата на трибините под Тумбе Кафе, а уште пожално е тоа што се случува на теренот. За каков клуб беше планиран овај стадион? За каква управна структура од тотални анонимуси во фудбалот со 0 фудбалско познавање, чест на исклучоци. Зарем прошлиот гнев не ве поттикна да не носите тренер кој ќе носи сопствени фудбалери за сопствени интереси???

Дали стратегијата на клубот е повторно иста како лани, да чекаме некој друг да се откаже од лигата или да се распадне, па ние да спасуваме кожа?

ДАЛИ ВИЕ НАС НЕ ТЕРАТЕ ДА ГО ИЗВАДИМЕ ЦЕЛИОТ ГНЕВ КОЈ Е НАСОБРАН СИТЕ ОВИЕ ГОДИНИ? ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕД ИСКЛУЧУВАЊЕ“, стои во соопштението на „Чкембарите“.

Се вчитува...