Добра вест за ПСЖ: Дембеле се врати во тимот

Освојувачот на „Златната топка“, Усман Дембеле, се врати во составот на Пари Сен Жермен за вечервашниот натпревар со Монако на домашен терен. Напаѓачот го пропушти реваншот од плејофот за Лигата на шампионите против Монако, како и натпреварите против Мец и Ле Авр во Лига 1.

Причината за ова беше повреда на листот, а во парискиот табор имаше сериозна загриженост дали ќе биде подготвен за првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи , кој е за пет дена. Поранешниот играч на Барселона ја претрпе повредата за време на победата од 3-2 над Монако во првиот натпревар во најпрестижното клупско фудбалско натпреварување, кога беше заменет во 27-мата минута.

Дембеле пропушти вкупно 15 натпревари од почетокот на сезоната од различни причини.

19-годишниот Сени Мајулу исто така се враќа во групата по повредата. Жоао Невес , Фабијан Руиз и Квентин Њанту се уште се надвор од теренот , бидејќи се уште се опоравуваат од повредите.

Се вчитува...