У.О. на ФФМ го усвои предлог Деловникот за работа на Редовното Генерално собрание

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени следните одлуки:

– У.О. на ФФМ го усвои предлог Деловникот за работа на Редовното Генерално собрание на ФФМ, кое ќе се одржи на 21 март 2026 година.

– У.О. на ФФМ ги усвои извештаите од постојаните комисии и одбори на ФФМ.

– У.О. на ФФМ го усвои Извештајот од Надзорниот одбор на ФФМ.

– У.О. на ФФМ ги усвои извештаите за работата на правните органи и лиценцните тела за сезоната 2024/2025.

– У.О. на ФФМ го усвои извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на Стратегискиот план за 2025 година.

– Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на ФФМ, која ќе биде доставена со материјалите за претстојното Редовно Генерално собрание и извештајот од независниот ревизор за 2025 година.

– У.О. на ФФМ го усвои Дневниот ред за Редовното Генерално собрание на ФФМ, кое ќе се одржи на 03.2026 година.

Се вчитува...