Газдата на Интер Мајами обелодени колкава е платата на Меси

Лео Меси изненади многумина кога од бројните понуди на маса при заминувањето од ПСЖ ја избра онаа на Интер, Мајами, познато е дека Аргентинецот за возврат доби опција да може да стартува сопствен клуб во МЛС кога ќе реши да ја заврши кариерата, но неговата плата во американскиот клуб беше чувана во тајност

Се до денеска, кога сопственикот на Интер Мајами, Жорге Мас, самиот обелодени колку пари му плаќа на аргентинскиот генијалец да ги брани боите на неговиот клуб.

„Барам спонзори, а причината е јасна – фудбалерите од светска класа се скапи, многу скапи. Му плаќам на Меси меѓу 60 и 70 милиони евра годишно, заедно со сите бонуси. Но, не се жалам, Лео вреди секој цент“, објави Мас.

Се вчитува...