Српски „Телеграф“ објави шокантна информација за Лука Дончиќ, обелоденувајќи дека словенечкиот суперстар ја завршил врската со својата долгогодишна девојка Анамарија Голтес, со која беше заедно повеќе од 15 години.
Дончиќ ја запроси Анамарија уште во јули 2023 година, а свадбата беше закажана за овој јули, но таква веселба сепак нема да се случи. Детали не се обелоденуваат, но шокот е уште поголем ако се знае дека двојката пред само три месеци заедно го доби и своето второ дете, се чинеше дека се е перфектно, но очигледно ситуацијата во меѓувреме се променила.
Дончиќ на 28 февруари во Лос Анџелес го прославил својот роденден, на забавата бил присутен и Новак Ѓоковиќ, но голем дел од гостите биле изненадени кога Анамарија воопшто не била дел од оваа прослава.
Неофицијално, токму таму Лука им ја објаснил бомбастичната вест на блиските пријатели, а од еден од нив таа стигнала и до медиумите
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

