Олимпијакос победник во „грчката војна“

Олимпијакос експресно му се реваншираше на Панатинаикос за поразот во финалето од Купот на Грција откако „црвено-белите“ ја добија грчката војна во Евролигата, совладувајќи го големиот ривал со 86-80, единаесетта победа во низа на Олимпијакос над ПАО во рамките од Евролигата. Успехот е уште поголем ако се знае дека Барцокас не можеше да смета на двајца клучни играчи, Везенков и Вокап, но сепак успеа да го надмудри Атаман продлабочувајќи ја евролигашката криза на ПАО ако се знае дека ова беше четврти пораз во низа на „зелените“ во елинтоот европско натпреварување.

Олимпијакос издоминира во првото полувреме што „црвено-белите“ го добија со убедливи 40-29. Во третиот период се разбуди Кендрик Нан, со самото тоа во ритам влезе целиот тим на Панатинаикос и убедливата предност на домаќините се истопи. Се влезе во неизвесен финиш, но Олимпијакос знаеше како да ја задржи позитивата, на крајот заслужено радувајќи се на победата.

Петмина кошаркари на Олимпијакос имаа двоцифрен ефект, најефикасни беа Дорси со 13 и Милутинов со 12 поени, додека прв стрелец на ПАО беше Кендрик Нан со 20 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...