Ликот на Дејан Бодирога, кој своевремено играше за Панатинаикос, го нема повеќе во салата во „ОАКА“ во Атина, на барање на првиот човек на клубот, Димитрис Јанакопулос. Наводно тој наредил да се тргне постерот од салата, која го красеше како освојувач на Евролигата со овој тим во 2002 година.
Ова Јанакопулос го стори поради незадоволството од судењето и од челниците на Евролигата.
Под кровот на „ОАКА“ има фотографии од сите седум европски титули на клубот.
Не е прв пат семејството Јанакопулос да се одлучи за ваков радикален потег. За време на владеењето на браќата Танасис и Павлос Џанакопулос, знамето од 1996 година беше променето, бидејќи некогаш трофејниот тренер на Панатинаикос, Панајотис Јанакис, кој беше на него, стана стратег на Олимпијакос.
👀 Panathinaikos efsanesi Dejan Bodiroga’nın olduğu şampiyonluk posteri bu şekilde indirildi.pic.twitter.com/0KNV9aerup https://t.co/I5qfHPTFgT
— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) March 6, 2026

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

