ВМФЛ: Охрид ѝ даде 10 гола на Победа, победија и Скопје и Брегалница

Лидерот на табелата во ВМФЛ екипата на Скопје, на свој терен го совлада составот на Осогово со 2-0. Со по еден гол во двете полувремиња, „пиратите“ успеаја да дојдат до триумф, со кој ќе ја задржат лидерската позиција на табелата барем засег.

„Мачењето“ на прилепска Победа во Втората лига продолжува. Екипата од Прилеп прими неверојатни 10 гола од Охрид на гостувањето крај Охридското Езеро. Со тоа охриѓани и натаму се во игра за пласман во прволигашката конкуренција.

За пласман во „елитата“ ќе се бори и екипата на Брегалница Штип, кој со 1-3 го совлада Новаци на гостински терен. Беласица триумфираше над Детонит со 0-1, додека Каменица Саса беше подобра од Вардар Неготино со 1-0.

Кожуф со триумф се враќа од гостувањето кај Преспа, а Тетекс со убедливи 0-3 победи во Виница против Слога.

ВМФЛ, РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО

ДЕТОНИТ – БЕЛАСИЦА 0-1

СКОПЈЕ – ОСОГОВО 2-0

КАМЕНИЦА САСА – ВАРДАР Н. 1-0

НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА 1-3

ОХРИД – ПОБЕДА 10-0

ПРЕСПА – КОЖУФ 1-3

СЛОГА ВИНИЦА – ТЕТЕКС 0-3

ТАБЕЛА:

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...