Готово е: Бернардо Силва заминува од Сити на крајот од сезоната

Португалскиот играч од средниот ред Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната. 

Неколку пати во претходните години се зборуваше за негово евентуално заминување од клубот и најчесто беше поврзуван со Барселона. Тој беше близок и за време на престојот на Чави Ернандез на клупата на Каталонците, но тоа не се случи ниту тогаш, ниту потоа, иако клубот од „Ноу Камп“ и Португалецот беа во контакт.

По речиси една деценија и речиси 500 натпревари во дресот на Манчестер Сити, тој ќе го напушти „Етихад“ како слободен агент и со тоа веќе ќе стане некој околу кого ќе се натпреваруваат многу тимови. Тој е сè уште човек кој може да даде многу. Во август полни 32 години и е во лига со помал интензитет од Англија, и ќе биде одлично засилување. 

Шпански и италијански клубови се заинтересирани за неговите услуги. Барселона одамна го сака Поргугалецот, а во последно време се почесто се споменува Јувентус.

Се вчитува...