Скамака спасител на Аталанта до дуелот со Удинезе (ВИДЕО)

Екипата на Аталанта успеа да анулира негатива од 0-2 од Удинезе, и на крајот да извлече бод на домашен терен. Екипата од Бергамо за четири минути постигна два гола, и така остана непоразен во овој дуел, во кој тимот од Удине може да жали што не ги освои бодовите.

Кристенсен во 40. минута на асиснтеција на Заниоло донесе предност за гостите. Втор шок за Аталанта го донесе Дејвис во 55. минута.

И кога се чинеше дека ќе нема спас за Аталанта, се појави Џанлука Скамака кој постигна два гола за само четири минути. Првиот во 75. минута, а вториот во 79. минута за освојување на еден бод.

Се вчитува...