МЗТ Скопје – шест децении историја (фотогалерија)

МЗТ Скопје излезе како победник во дербито со Пелистер, за комплетирање на впечатокот при прославата на јубилејниот 60. роденден на трофејниот македонски кошаркарски колектив.

Трибините на „Јане Сандански“ беа исполнети нешто повеќе од вообичаено, доволно за да се создаде убава атмосфера со која ќе се одбележи комплетирањето на шест децении постоење на клубот кој доминира во последните десетина години на македонската кошаркарска сцена.

На полувремето од дербито, на теренот излегоа поранешни тренери, директори и играчи на клубот, со аплаузи поздравени од сите присутни во салата.

На едно место поздравени од аеродромци беа Александар Књазев, Митко Луковски, Игор Пенов, Огнен Стојановски, Нешовиќ, Чековски… за потсетување на времиња од минатото во кои се градеше патот…. за МЗТ Скопје денеска со гордост да е клуб број 1 во македонската кошарка.

 

Се вчитува...