Јамал ја задржа Барселона цврсто на врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

Со минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Атлетик Билбао, Барселона ја задржа разликата на првото место од својот голем ривал Реал Мадрид на четири бодови. Не им беше лесно на „Каталонците“ со оглед дека наидоа на мотивиран противник и желен за надигрување. Постигна и гол во 42. минута Билбао, но беше поништен поради офсајд.

Феран Торес ја имаше најдобрата шанса во првиот дел кога шутираше за малку крај голот. Во второто полувреме први се заканија домаќините преку Сансет, но тој шутираше само по средината каде што одбрани Гарсија.

Клучниот момент се случи во 68. минута. Јамал прими топка по одличното додавање од Педри, и ја испрати топката во левиот агол, а таа од стативата се одби во мрежата.

Атлетик Билбао нападна за да дојде барем од израмнување, но одбраната на Барселона успеа да ја сочува мрежата и на крајот да дојде до важна победа во битката за титулата во Ла Лига.

Се вчитува...