Завршува ерата на Бернардо Силва во Манчестер!

Бернардо Силва би можел да ја одигра својата последна сезона во дресот на Манчестер Сити, бидејќи нема индикации дека соработката ќе биде продолжена.

Според познатиот новинар Матео Морето, во моментов нема разговори за нов договор. Оваа информација се надополнува на шпекулациите што кружат во Англија веќе некое време, според кои португалскиот играч за врска е подготвен за нова етапа во својата кариера по долгиот престој во Манчестер.

Силва, кој има 31 година, е во својата деветта сезона со Сити и продолжува да биде важен дел од тимот. Откако се приклучи на клубот, тој одигра вкупно 445 натпревари, постигна 42 гола и запиша 34 асистенции.

Се вчитува...