Три од три за Италијанките на домашен терен во Вал Ди Фаса на трките од Светскиот куп во алпско скијање. По два спуста каде што славеше Лаура Пировано, на ред дојде Елена Куртони, која беше најбрза во супер-џи.
Искусната Италијанка стигна до целта за 1:29.07 минута. Најблиску до неа беше Норвежанката Кајса Викоф Ли, која беше 26 стотинки зад победничката, додека втората Италијанка Асја Зенере изненадувачки стигна до третото место.
Во рангирањето на супер-џи, води Софија Гоџа со 452 поени, по што следува Новозеланѓанката Алис Робинсон со заостанување од 46 поени.
Микаела Шифрин сè уште го држи првото место во генералниот пласман со 1133 поени. Германката Ајхер ја пропушти можноста да ја спушти разликата под 100 поени откако не ја заврши денешната трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

