Расел: Долго чекавме да имаме ваков болид

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше пресреќен по победата на Големата награда на Австралија, првата од новата сезона во Формула 1, и истакна дека трката во Мелбурн била исклучително тешка од самиот почеток.

Британецот славеше за прв пат во својата кариера на „Алберт парк“, каде што ја забележа својата шеста победа во кариерата, три секунди пред тимскиот колега Кими Антонели, кој го изедначи својот најдобар резултат.

„Беше неверојатно. На почетокот беше пеколна борба. Знаевме дека ќе биде предизвикувачко. Кога дојдов на стартот, видов дека батеријата ми е практично празна, имав лош старт, а потоа имав неколку многу тесни битки со Чарлс. Затоа бев навистина среќен кога ја поминав целта. Многу благодарам на целиот тим бидејќи долго чекавме да имаме ваков болид. Одлично е да се започне сезоната вака“, рече Расел.

Се вчитува...