Грчкиот тренер Василис Спанулис поднесе оставка од функцијата главен тренер на Монако, соопштија повеќе извори од француски и грчки медиуми. Спанулис не го водеше тимот на вчерашниот натпревар од француското првенство против Шоле, официјално поради „болест“, но според информациите од „Л’екип“ тој веќе ја поднел оставката до бордот на директори, кој сè уште не одлучил дали ќе ја прифати.
Оставката доаѓа во време на длабока криза во клубот: огромни финансиски долгови, задоцнети плати, заминувања на клучни играчи, повреди и внатрешни инциденти. Иако кнежевството Монако неодамна интервенираше со 2,5 милиони евра за покривање на итни долгови и одложи потенцијален стечај до 3. април 2026 година, ситуацијата останува критична.
Доколку до крајот на март не се најде трајно решение за долговите, клубот сериозно се споменува во ризик од стечај, што би го доведело во прашање учеството во Евролигата следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

