Ленс им се врати на победите во Франција

Фудбалерите на Ленс по два натпревари без победа им се вратија на триумфите во домашниот шампионат откако денеска славеа против Мец со 3-0 во натпревар од 25. коло од сезоната во Лига 1.

Домаќините поведоа со 1-0 дури во 44. минута од првото полувреме со погодокот на Абдулхамид. На 2-0 зголеми Туван на самиот старт на вториот дел, односно во 46. минута. Конечните 3-0 беа дело на Хаидара во 52. минута.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...