Бостон по продолженија славеше над Кливленд

Бостон Селтикс славеше над Кливленд кавалирс со 98-109 во дербито на Источната конференција во НБА лигата.

Ова е четврта последователна победа за Селтикс против големот ривал. Тимот од Бостон продолжува со одлични игри на гости, бидејќи ја забележаа седмата победа во последните осум натпревари на гости. Единствено загубија во Денвер од Нагетс.

Победничкиот тим го предводеше Џејлен Браун, кој беше на работ на трипл-дабл со 23 поени, девет скока и осум асистенции. Тејтум постигна 20 поени. Од другата страна, Мичел беше најефикасен со 30 поени, Мобли запиша 24, а Џејмс Харден, кој дојде како големо засилување, запиша дабл-дабл од 19 поени и 10 асистенции.

Се вчитува...