Луд финиш и голема победа за Столе и Валенсија против Алавес (ВИДЕО)

Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски и неговата Валенсија славеа со 3-2 на домашен терен против Депортиво Алавес во последниот натпревар од денешната програма од 27. коло во шпанската Ла лига.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Боје од пенал уште во 3. минута од мечот. Домаќините израмнија на 1-1 преку Гуера во 47. минута. Ново водство за гостинот донесе Боје со својот втор гол во 71. минута, а ново израмнување за домаќините 2-2, Комерт во 90. минута. И кога сите го очекувавме крајот на мечот Валенсија доби пенал во 98 минута, по кој црвени картони добија гостинските фудбалери Пачеко и Гевара, а Дуро стрелаше за 3-2 и победа за домашниот тим.

Столе Димитриевски повторно стартуваше за својот тим и го одигра целиот натпревар.

Valencia 1-[2] Alaves – Lucas Boye 71'
byu/Meladroit10 insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...