Адем Мекиќ се врати назад во Задар

Адем Мекиќ сепак нема да го има својот камбек во македонскиот шампионат откако нашиот репрезентативец ја прифати понудата на Задар и до крајот на сезонава ќе ги брани боите на овој хрватски клуб.

Мекиќ беше дел од Задар во сезоната 2023/24, со успех носејќи го дресот на овој тим, што беше препорака тренерот и управата на клубот повторно да се заинтересираат за Адем откако тој стана достапен на пазарот по заминувањето од Бора.

Крилниот кошаркар во изминатите денови тренираше со ТФТ, со начелен договор доколку не најде ангажман во странство да потпише за тимот од Тафталиџе. Сепак, тој трансфер не се изреализира, Мекиќ на крајот ја прифати понудата на Задар, па македонскиот репрезентативец ќе биде значаен адут на овој тим во битката за титулата во хрватскиот шампионат.

Се вчитува...