Навивачи го украдоа ВАР кабелот, судијата не можеше да види дали е пенал (ФОТО)

Интересна ситуација се случи на натпреварот од Втората германска лига во кој Херта Берлин славеше на гостувањето кај Мунстер со 1-2.

Имаше можност за пенал за Херта Берлин, па од ВАР собата го испратија судијата до екранот за да ја прегледа ситуацијата. Во тој момент, домашните навивачи влегоа на теренот и го украдоа ВАР кабелот.

Судијата не можеше да го види резултатот, но сепак последната одлука падна на ВАР судијата кој досуди пенал кој успешно го реализираа гостите.

Се вчитува...