Ади Алиќ со возило на итна медицинска помош е изнесен од теренот во Кратово во финишот од средбата.
Играчот на Силекс беше повреден по дуелот со Ненад Мишковски, стоперот на Вардар. И покрај тоа што домашниот тим ги имаше направено сите измени, сепак, поради повреда на глава, Васоски имаше право на уште една измена.
Останува сега дополнителните прегледи да покажат од каква природа е повредата на напаѓачот на Силекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

