Aрсенал повторно имаше среќа во ждрепката во ФА Купот на Англија, откако „топчиите“ и за четвртиот овосезонски меч во натпреварувањето добија ривал што не е дел од Премиер-лигата.
Откако во минатата рунда го елиминираа нисколигашот Мансфилд, избраниците на Артета за ривал во четвртфиналето го добија Саутемптон, кој во претходната рунда го елиминираше тимот на Челси.
Големото дерби ќе се игра на „Етихад“ во Манчестер, каде Сити ќе го пречека тимот на Ливерпул.
Најлесна задача барем на хартија би требало да има Челси кој ќе биде домаќин на Порт Вејл, додека Лидс ќе му гостува на подобриот од вечерашното осминафинале меѓу Вест Хем и Брентфорд.
Овие четвртфинални натпревари на програмата ќе бидат во периодот од 3 до 6 април.
Matches will take place over the weekend of 4-5 April.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

