Ракометарите на Барселона рутински ја завршија работата што ја почнаа минатата недела на гостувањето кај Нант во Франција откако вечерва на домашен терен во реваншот славеа со убедливи 31-21.
Каталонците уште од самиот старт го контролираа мечот и веќе на пауза имаа позитива од 15-12. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 31-21. Алеиш Гомзе со 10 гола беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Тибо Брие постигна пет гола.
На Ф4 во Келн ќе патува и Алборг кој по ремито во Португалија пред седум дена вечерва славеше на домашен терен против Спортинг Лисабон со 37-36. Tомас Арнолдсен со 10 гола беше најпрецизен кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 13 погодоци на Франциско Кошта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
