Никој како Квича Квараскелија!

Актуелниот европски клупски шампион Пари Сен Жермен е пред пласман во ново финале во Лигата на шампионите откако има предност и на реваншот против Баерн Минхен во полуфиналето.

Грузискиот интернационалец Квича Квараскелија повторно е во прв план. Тој беше асистент на голот на Усман Дембеле за 0-1 во 5. минута. Со оваа асистенција тој стана првиот фудбалер во историјата на елитното натпреварување кој на седум меча во низа во нокаут фазата учествувал во гол за својот тим (гол или асистенција).

Квараскелија сезонава во Лигата на шампиони запиша вкупно 10 гола и шест асистенции во 15 одиграни натпревари.

 

Се вчитува...