Тенисерот број еден во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во осминафиналето на Индијан Велс, откако го победи Французинот Артур Риндеркнеш со 6:7(8), 6:3, 6:2 по три сета. Тој го победи 28-от играч на АТП листата по 1 час и 27 минути.
Во осминафиналето, Алкараз ќе игра против Норвежанецот Каспер Руд, кој по три сета го победи Валентин Вашеро од Монако со 6:3, 3:6, 4:6.
Рад, 13-тиот рангиран тенисер во светот, го победи 26-тиот тенисер на АТП листата по два часа и пет минути.
Пласман во осминафиналето обезбеди и 11-тиот играч во светот, Даниил Медведев, откако убедливо го победи 53-тиот играч во светот, Аргентинецот Себастијан Баез, со 6:4, 6:0. Тој му препушти само четири гема на противникот и победи по еден час и 20 минути игра. Во осминафиналето, Медведев ќе игра против Американецот Алекс Микелсен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

