Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино рече дека очекува овогодишниот Мундијал да биде спектакуларен, и дека како никогаш порано имало интерес за билети.
Инфантино смета дека секој стадион ќе биде преполн, и дека побарувачката за билети е енормно голема.
„Светското првенство ќе биде фантастично, феноменално. Никогаш порано немало ваква возбуда во САД, Мексико и Канада. За четири недели добивме повеќе од 500 милиони барања за билети. Тоа е неверојатно. Имаме 7 милиони билети, но 500 милиони барања. Тоа е преседан во историјата на ФИФА, или на било која организација. 77 од 104 натпревари добија над еден милион билети, а останатите постигнаа сличен број. Чуваме некои билети како резерва, но се радувам што секој стадион ќе биде полн“, изјави Инфантино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

