Во Индијан Велс, изненадување по изненадување во машка конкуренција, бидејќи дури тројца тенисери од Топ 10 АТП листата беа елиминирани во третото коло.
Тоа се Алекс де Минор, Тејлор Фриц и Александар Бублик од Казахстан. Слично беше и во женска конкуренција, каде што Мира Андреева и Медисон Кис исто така го завршија натпреварувањето.
Едно од изненадувањата на денот дојде од Британецот Камерон Нори, кој го победи Австралиецот Де Минор во два сета, со резултат 6:4, 6:4.
Нори ќе се сретне во осминафиналето со уште еден Австралијанец, Ринки Хиџикат, кој ја шокираше публиката со победата над Александар Бублик по три сета со 6:7 (3), 7:6 (3), 6:3 во дуел што траеше два часа и 38 минути.
Третото изненадување дојде од Американецот Алекс Микелсен, кој го елиминираше сонародникот Фриц со 6:4, 7:6 (6) во два сета.
Младиот Микелсен ќе се сретне во осминафиналето со Данил Медведев, кој убедливо го победи Аргентинецот Себастијан Баез со 6:4, 6:0.
Сепак, на уште двајца тенисери од Топ 10 им беа потребни три сета за да го обезбедат своето место во осминафиналето. Карлос Алкараз го победи Артур Риндеркнес со 6-7 (6), 6-3, 6-2 , додека Новак Ѓоковиќ го победи Американецот Александар Ковачевиќ со 6-4, 1-6, 6-4 по загубен сет
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

