Вахид Халилхоџиќ е на добар пат да му се врати на фудбалот, и тоа во клубот во кој имаше успешна и играчка и тренерска кариера. нант денеска објави дека ја прекинува соработката со Ахмед Кантари, а главен фаворит за нов тренер е токму 73-годишниот Халилхоџиќ.
Управата на „канаринците“ смета дека токму Халилхоџиќ може да помогне да се разбуди тимот што има четири порази во последните пет рунди и падна на претпоследното место на табелата.
Босанскиот стратег е подготвен да го прифати овој предизвик, што ќе биде прв негов ангажман од 2022 година, кога ја напушти клупата на репрезентацијата на Мароко.
Тој се чувствува приврзан за Нант, како играч настапуваше за овој клуб од 1981 до 1986 година, а потоа и го водеше како тренер во сезоната 2018/19, па Халилхоџиќ сака да даде придонес во борбата за опстанок, да не дозволи „канаринците“ да испаднат од француската фудбалска елита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

