Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка успешно го мина и осминафиналето на ВТА мастерс 1000 турнирот во американскиот Индијан Велс, откако денеска славеше против Јапонката Наоми Осака со максимални 2-0 по сетови 6-2 и 6-4.
Белорусинката без проблеми ги освои и двата сета и во ниту еден момент не и дозволи на четирикратната гранд-слем шампионка да се понадева дека на било кој можен начин може да стигне до триумф.
Во четвртфиналето Сабаленка за противник ќе ја има подобрата од американско/канадскиот двобој во кој се среќаваат Аманда Анисимова и Викторија Мбоко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

