ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Нула во Њукасл, Баерн сигурен со Аталанта, бламажа на Тотенхем во Мадрид (ВИДЕО)

Њукасл и Барселона играат без голови 0-0 на полувреме во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Домаќините беа за нијанса подобар противник во првиот дел, но не успеаја да го искористат тоа, па на пауза се замина со најнепопуларниот резултат.

Фудбалерите на Тотенхем доживуваат вистински срам на гостувањето кај Атлетико Мадрид каде имаат негатива од 4-1 по 45 минути во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

На домаќините има беа потребни само 16 минути за да стигнат до убедливото водство. Поведоа со голот на Љоренте во 6. минута. На 2-0 зголеми Гризман во 14, а само две минути подоцна беше и 3-0 со погодокот на Алварез, по што Игор Тудор го замени голманот Кински. Во 22. минута веќе беше и 4-0 со погодокот на Ле Норманд. Гостите сепак успеаја да намалат на 4-1 преку Поро во 26. минута.

Atletico Madrid [4] – 0 Tottenham – Robin Le Normand 22'
byu/ayoefico insoccer

Во последниот меч од вечерашната понуда Баерн Минхен има сигурно водство од 0-3 на гостувањето кај Аталанта.

Се вчитува...